сабота, 21 декември 2024

Параглајдеристот кој имаше несреќа во Крушево заминува дома

Параглајдеистот Клаус Ван Белен од Германија на возраст од 60 години кој имаше несреќа во Крушево заминува за дома откако помина десетина дена во клиниката „Жан Митрев“. Тој беше донесен во клиниката со сериозни повреди по телото и р’бетот од падот од полетиштето кај крушевски Мечкин Камен.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Бев дојден на 12 дена на параглајдинг одмор во Крушево со пријатели. Од нив дознав дека овде има прекрасни услови за параглајдинг, дека луѓето се многу пријателски расположени, а пејзажите се фантастични. Затоа си реков морам да дојдам да пробам. Меѓу членовите на нашата заедница постојат одредени светски параглајдинг зони, дестинации кои се добро познати за вежби од овој тип и Крушево е една од нив. Ова е опасен спорт, но сум немал несреќа последните 30 години“, објаснува Белен.

Тој додава дека е позитивно изненаден и дека не очекувал толкав професионален однос во болница во Македонија.

„Со оглед на околностите се чувствувам одлично, морам да кажам дека сите во болницата работат фантастично. Од она што можев да видам имате многу модерна опрема, сите луѓе се супер обучени и многу пријателски настроени. Секако, кога ќе се вратам дома ме чекаат уште операции, но планирам да станам и повторно да бидам функционален во најскор можен рок“, изјави Белен и додаде дека планира пак да лета од Крушево.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ