Потпретседателот на владата на Србија Александар Вулин на присутните им кажа дека Србија е нападна од сите страни во обид да се урнат политичарите и оние кои ги гласале да ги остават без држава.
„Затоа се обидуваат на улица да ја урнат власта во Србија“, оцени Вулин, алудирајќи на протестите на кои се бара одговорност од власта за уривањето на стреата на железничката станица во Нови Сад кога загинаа 15 луѓе.
Vulin: Dodiku sude kao našima u Hagu, zbog odmazde i osvete pic.twitter.com/MuFMjmexdV
— Istraga.ba (@IstragaB) January 9, 2025
Тврдејќи дека постои заговор за уривање на претседателот на Србија Александар Вучиќ со улични протести, Вулин кажа дека на сличен начин на мета е и лидерот на босанските Срби Милорад Додик против кој се води судски процес кој, ако биде осуден, ќе му ја прекине политичката кариера.
Зборувајќи во име на Додик, кој се опоравува од операција, министерот за внатрешни работи на РС Синиша Каран кажа дека Република Српска ја слави својата државност.
#BREAKING #Serbia JUST IN: The celebration of Republic Day is currently underway in Banja Luka, the capital of the Republic of Srpska.
This annual event commemorates the establishment of the Republic of Srpska, reflecting its historical and political significance.
Video: RTRS pic.twitter.com/wH5CkCPnDv
— The National Independent (@NationalIndNews) January 9, 2025
Притоа ја кажа изреката на современиот писател и политички аналитичар Добрица Ќосиќ дека Србите битките добиени во војна ги губеле во мир, но тоа на крајот било поправено во 1992 година со формирањето на РС „како држава во полн капацитет“.
За БиХ кажа дека е државна заедница која е можна само на темелите на изворниот Дејтонски договор, кој, според него, странците веќе го ревидирале, па затоа мора да се врати на изворните поставки. „Доколку не се вратиме на духот на Дејтонскиот договор, треба да прогласиме дека Дејтон пропаднал и дека го урнала Америка на Клинтон-Бајден“, кажа Каран.