петок, 18 октомври 2024

Папу Гомез би можел да ги загуби златните медали освоени со Аргентина и Севиља

Аргентинскиот фудбалер на Монца, Папу Гомез доби двегодишна суспензија поради тоа што минатиот ноември бил позитивен на допинг тест.
 

Објавено на

часот

Сподели

Папу Гомез бил позитивен на тербуталин, супстанца која е строго забранета од светската анти-допинг агенција бидејќи се работи за стимуланс кој се користи при отежнато дишење, лекување на астма, бронхитис и слични состојби.

Од ФИФА стигна допис до Монца дека фудбалерот е суспендиран на две години. Италијанскиот клуб го соопшти тоа и рече дека во наредниот период ќе ги донесе следните чекори.

Веројатно ќе го раскинат договорот со Папу Гомез.

Ако доследно се почитуваат правилата, аргентинскиот фудбалер ќе треба да ги врати златните медали од Светското првенство и Лига Европа, бидејќи позитивен на допинг бил пред да почне мундијалот.

Аргентина и Севиља немаат ризик од губење на пехарите затоа што за да им се одземе освоеното треба да бидат позитивни на допинг повеќе од двајца фудбалери во тимот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ