понеделник, 20 јануари 2025

Папата за планот на Трамп за депортација на имигранти рече дека е „срамота“

Папата Франциско ја критикуваше најавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека, откако ќе ја преземе функцијата, ќе иницира построго спроведување на антиимиграциските мерки, вклучително и депортации.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во интервју за италијанската телевизија Канал 9, папата рече дека би било „срамота“ доколку Трамп започне со реализација на најавениот план, објави Ројтерс во понеделникот, додавајќи дека користењето остри зборови е невообичаен начин на комуникација за поглаварот на Католичката црква.

Франциско, духовен поглавар на 1,4 милијарди католици, обично внимателно ги избира зборовите во однос на политички прашања.

Тој смета дека со овој план „мигрантите, кои немаат ништо, ќе платат неплатена сметка“.

„Тоа не функционира. Така не се решава проблемот“, рече папата.

Прифаќањето и пречекот на мигрантите беше една од клучните теми на папата во текот на неговиот 12-годишен понтификат. Тој претходно ја критикуваше антиимигрантската политика на Трамп, а во 2016 година го обвини дека „не е христијанин“.

Претстојната американска администрација најави голема рација во Чикаго за откривање и депортирање илегални имигранти, но Трамп повторно го разгледува тој план.

Католичкиот надбискуп, кардиналот Бласе Чупич, исто така го критикуваше планот за депортирање илегални имигранти, велејќи дека тоа ќе биде „навреда на достоинството на сите луѓе и заедници“.

Сепак, критиките за антиимиграциските политики на Трамп не се единствените кога станува збор за отстапување од воздржаноста на Франциско за чувствителни политички прашања. Во март 2024 година, тој го повика Киев „да подигне бело знаме и да преговара“ за завршување на војната „пред ситуацијата да се влоши“. Украина жестоко го обвини папата дека го „легализира правото на силните“ и го повика на разговор амбасадорот на Ватикан.

Во декември тој неколку пати ја осуди суровоста на израелските воздушни напади врз Газа и беше критикуван од израелските власти за „двојни стандарди“.

„Со болка мислам на Газа, за толку многу суровост, за изрешетани деца, за бомбардирање на училишта и болници. Толку многу суровост“, рече тогаш папата.

Израел одговори дека критиката треба да биде насочена кон терористите, а не кон демократијата што се бори против нив.

„Треба да ги запреме двојните стандарди и стигматизирањето на хебрејскиот народ и неговите луѓе. Суровост се терористите кои се кријат зад децата додека се обидуваат да убијат израелски деца“, рече израелскиот министер за надворешни работи, додавајќи дека Хамас држи стотина луѓе во заложништво 442 дена, вклучително и бебиња и деца.

На самиот крај на својот мандат, претседателот Џо Бајден, кој е католик, му додели на Франциско Претседателски медал на слободата со одликување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ