сабота, 27 јули 2024

Папата во Венеција предупреди на опасноста од прекумерен туризам

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, вчера во Венеција предупреди за влијанието на прекумерниот туризам врз животната средина за време на миса пред 10.000 верници на плоштадот Свети Марко.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На првото патување надвор од Рим по седум месеци, папата (87) ги увери верниците во неговото добро здравје и целосна способност да ги извршува своите должности. Заморот на Франциско предизвика загриженост во јавноста за време на католичките велигденски празници.

Папата посети женски затвор, одржа говор пред младите во Венеција, а преку познатиот канал стигна до плоштадот Свети Марко во придружба на голем број гондоли и верници.

Папата, кој се грижи за животната средина, потсети на проблемите што ѝ се закануваат на Венеција поради климатските промени, кревкото културно наследство и прекумерниот туризам.

Неговата изјава доаѓа по воведувањето влезница од пет евра за еднодневни посети на туристите во Венеција, со цел да се намали протекот на луѓе.

Венеција е на листата на светско наследство на Организацијата за образование, култура и наука на Обединетите нации (УНЕСКО).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ