петок, 26 јули 2024

Папата: Сите мора да вложат напори да ги запрат војните во Украина и Газа

Папата Франциско денеска повторно повика на мировни преговори, нагласувајќи дека мора да се вложат сите напори за да им се стави крај на војните во Украина и во Појасот Газа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Папата за време на своето обраќање на плоштадот Свети Петар рече дека никогаш не треба да заборавиме дека војната секогаш е пораз и дека затоа треба да се вложат сите напори за да ѝ се стави крај на војната, пренесе Ројтерс.

Папата (87) денеска повторно го ограничи своето учество во обраќањето до јавноста поради здравствени проблеми, односно поради тоа што не заздраве целосно од бронхитис и грип.

И денес, помошникот на папата читаше поголем дел од обраќањето на Франциско.

Папата Франциско во почетокот на овој месец изјави дека Украина треба да започне преговори со Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ