недела, 14 април 2024

Папата ги разбесни Украинците со изјавата за „пораз“ и „бело знаме“. Доби одговор

Папата Франциско неодамна во интервју изјави дека Украина требаше да ја има, како што рече, храброста на „белото знаме“ и да преговара за крај на војната со Русија.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Во интервјуто снимено минатиот месец за швајцарската телевизија РСИ, папата кажа што мисли за оние кои велат дека Украина треба да се откаже бидејќи не успеала да ги одбие руските сили и оние кои веруваат дека тоа ќе и даде легитимитет на посилната страна. Новинарот во своето прашање го употреби изразот „бело знаме“.

„Тоа е едно толкување, тоа е вистината“, рече Франциско, според деловите од интервјуто што треба да се емитува на 20 март.

Зборот „преговарање“ е храбар збор, кога ќе видите дека сте поразени, дека работите не одат добро, треба да имате храброст да преговарате“, истакна папата. Тој првпат ги употребува термините „бело знаме“ и „поразен“ во дискусија за војната во Украина, иако претходно зборуваше за потребата од преговори.

„Не срамете се од преговорите пред работите да се влошат“, додаде папата Франциско, кој испрати стотици апели за, како што вели, „маченичка Украина“. На прашањето дали ќе биде подготвен да посредува, одговори: „Тука сум“.

Украинците реагираа на зборовите на папата со разочарување и гнев. Јасно е, имено, дека војната ја започна Владимир Путин и дека тој е единствениот виновен за сите жртви во Украина.

Дополнително, доволно е да се погледнат воените злосторства извршени од страна на руските сили во окупираните и потоа ослободените украински места, како Буча и Ирпин, за да се разбере каков е планот на Путин за „ослободена“ Украина.

Од Украина, папата доби многу јасен одговор од Свјатослав, поглавар на Украинската гркокатоличка црква, кој рече дека „никој во Украина никогаш не би помислил да се предаде“.

За време на денешната посета на Њујорк, Свјатослав рече: “Сакам да ви пренесам порака од народот на Украина. Украина е ранета, но неосвоена! Украина е исцрпена, но е издржлива и ќе победи! Верувајте ми, никој не помислува да се предаде, дури ни таму каде што се водат борбите денес“.

„Слушнете ги нашите луѓе во Херсон, Запорожје, Одеса, Харков, Суми… Дојдете во Украина и уверете се сами! Ако некој од вас не верува во победа на Украина, признајте! Затоа што тоа значи дека имаме мала доверба во живиот Бог кој е присутен во телото на украинскиот народ“, изјави поглаварот на Украинската гркокатоличка црква.

Папата Франциско не ја повикува Украина да се предаде, туку на прекин на огнот и храброст во преговорите, изјави Матео Бруни, директор на Канцеларијата за печат на Ватикан, во обид да се контролира штетата предизвикана од изјавата на папата за „бело знаме“ и „пораз“.

„Папата го користи терминот „бело знаме“ и го повторува терминот предложен од новинарот за да укаже на прекин на непријателствата и примирје постигнато преку храброст во преговорите“, рече Бруни. „Во други делови од интервјуто, зборувајќи за друга конфликтна ситуација, но мислејќи на каква било воена ситуација, папата јасно рече: „Преговорите никогаш не се предавање“, додаде тој.

„Надежта на папата е и останува она што тој постојано го повторува овие години, а неодамна се осврна на тоа, по повод втората годишнина од конфликтот: „Додека ја обновувам мојата многу длабока наклонетост кон маченичкиот украински народ и се молам за сите, особено за невините жртви, се молам да се најде малку човечност што ќе овозможи создавање услови за дипломатско решение во потрагата по праведен и траен мир“, заклучи Бруни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ