„Среќна случајност е што Велигден на оваа екуменска јубилејна година се слави на ист ден според грегоријанскиот и јулијанскиот календар“, рече Франциско за 2025 година, која ја прогласи за посебна година во која верниците се поканети да одат на поклонение во Рим.
Западните христијани го следат грегоријанскиот календар, кој е воведен од папата Грегориј XIII во 16 век кога е забележано дека постоечкиот календар отстапува од годишните времиња. Многу православни цркви останале верни на јулијанскиот календар од времето на Јулиј Цезар.
„Уште еднаш, ги повикувам сите христијани да ја сфатат оваа случајност како повик да направат одлучувачки чекор кон единство во врска со заедничкиот датум за Велигден“, рече папата.
Оваа година христијаните својот најголем празник ќе го слават на 20 април.