На средбата со претставниците на тоа антикорупциско тело, Папата ја истакна потребата да се балансира „апсолутна транспарентност во секоја акција“ со „милосрдна дискреција“, бидејќи, како што рече, скандалите повеќе служат за исполнување на страниците на весниците отколку за суштинско поправување на однесувањето.
„Ве повикувам да им помогнете на оние кои се одговорни за управување со имотот на Светата столица да создадат заштитни мерки, кои можат да спречат да се материјализира подмолноста на корупцијата“, додаде Папата.
Тој нагласи дека ревизорската канцеларија е независна, бидејќи не зависи хиерархиски од други ентитети и дека се заснова на меѓународни принципи и професионализам, пренесува Ватикан њуз.
Канцеларијата на главниот ревизор беше основана од папата Франциско пред девет години како антикорупциско тело задолжено за финансиски ревизии во државата Ватикан.