понеделник, 9 декември 2024

Папата: Неселективното таргетирање цивили е воено злосторство

Во своето обраќање пред странските амбасадори, папата Франциско рече дека неселективното гаѓање цивили е воено злосторство бидејќи го прекршува меѓународното хуманитарно право. Во 45-минутното обраќање пред амбасадорите акредитирани во Ватикан, Франциско зборуваше за ситуацијата во Украина и на Блискиот Исток.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Изразувајќи загриженост дека војната меѓу Израел и Хамас може да се прошири во регионот, тој повика на прекин на огнот на секој фронт, вклучително и во Либан. Тој го осуди нападот на Хамас на 7 октомври како суров чин на тероризам и екстремизам и го повтори својот повик за ослободување на киднапираните од палестинската милитантна група тој ден.

Во делот каде што ги поврза двата најголеми конфликти на денешницата, Франциско рече дека модерното оружје често не прави разлика меѓу воени и цивилни цели. „Денес нема конфликт без, во крајна линија, неселективно таргетирање на цивилното население“, продолжи папата.

„Настаните во Украина и Газа се јасен доказ за тоа. Не смееме да заборавиме дека сериозните прекршувања на меѓународното хуманитарно право се воени злосторства и не е доволно само да се укаже, туку и да се спречат. Има потреба од посилен ангажман на меѓународната заедница за одбрана и имплементација на хуманитарното право, што се чини дека е единствениот начин да се обезбеди одбрана на човечкото достоинство во воени ситуации.“

Во израелските воени напади во Појасот Газа, според локалните власти, убиени се 22,8 илјади Палестинци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ