сабота, 27 јули 2024

Папата Франциско им дозволи на жените да гласаат на следниот состанок на бискупите

Објавено на

часот

Сподели

Досега, само мажи можеа да гласаат во Синодот на бискупите, тело на Ватикан кое периодично собира бискупи од целиот свет.

Католичките женски групи, кои долго време го критикуваа Ватикан дека ги третира жените како „граѓани од втор ред“, ја поздравија одлуката на Франциско како „историска реформа“.

Од Вториот ватикански собор и состаноците во 1960-тите на кои е модернизирана Католичката црква, папите ги свикуваа бискупите во Рим за да разговараат и гласаат за конкретни предлози и да му ги претстават на папата.

Според новите измени, пет сестри ќе им се придружат на пет свештеници како претставници на верските редови со право на глас.

Покрај тоа, папата Франциско одлучи да назначи 70 небискупски членови на синодот кои исто така ќе имаат право на глас и побара половината да бидат жени.

Целта е меѓу тие 70 небискупски членови да се вклучат млади, кои ќе му бидат предложени на папата од регионалните блокови.

Папата Франциско ја поддржа забраната на Католичката црква жените да бидат свештенички, но направи повеќе од кој било друг папа за да им даде на жените поголемо учество во одлучувањето во црквата, наведува Асошиејтед прес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ