вторник, 22 октомври 2024

Папата Франциско: Смртната казна не е решение за насилство

Смртната казна во никој случај не е решение за насилство што може да ги снајде невините луѓе, напиша поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско во предговорот на книгата на Дејл Ресинела, која наскоро ќе биде објавена од ватиканската издавачка куќа (ЛЕВ).

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Смртната казна е далеку од донесување правда, таа поттикнува чувство на одмазда што станува опасен отров за нашето граѓанско општество“, напиша папата во предговорот на книгата „Христијанин кој ја чека смртната казна: Моја посветеност кон осудените“, објавен денеска од агенцијата Анса.

Папата додаде дека државите треба да се фокусираат на тоа да им дадат шанса на затворениците вистински да ги променат своите животи, наместо да инвестираат пари и ресурси за нивно погубување.

Книгата, за која папата Франциско го напиша предговорот, е дело на Дејл Ресинела (72), некогаш успешен адвокат од Вол Стрит, кој зборува за својата работа како свештеник лаик во Флорида, каде што им помага на осудениците на смртна казна од 1998 година.

Папата изјави дека го запознал Дејл Ресинела за време на аудиенција и преку неговите написи за весникот Осерваторе Романо, како и сега преку оваа длабоко трогателна книга.

„Неговата задача е исклучително тешка и ризична, бидејќи го допира злото во сите димензии: злото што е направено врз жртвите и не може да се поправи, злото низ кое поминува осудениот, како и злото што се поттикнува во општеството преку практикување на смртна казна“, напиша папата во предговорот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ