среда, 26 март 2025

Папата Франциско се појави на прозорецот од болницата (ФОТО+ВИДЕО)

Папата Франциско, кој повеќе од пет недели е во болница поради билатерална пневмонија, денеска се појави на прозорецот од болницата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој денес треба да се врати во Ватикан, каде што ќе започне со опоравување од „најмалку два месеци“, соопштија неговите лекари.

Денеска „папата ќе замине и ќе се врати во Домот на света Марта“ во Ватикан, каде што живее, изјави лекарот Серџо Алфиери на прес-конференција во болницата Гемели во Рим.

Кога беше најавено неговото заминување, 88-годишниот папа беше „многу среќен“, „нè прашуваше три или четири дена кога ќе може да се врати“, рече Алфиери.

Папата околу пладне упати поздрави и благослови од петтиот кат на болницата, што е негово прво појавување во јавноста откако пристигна во болницата на 14 февруари.

Кога ќе пристигне во Ватикан, ќе се соочи со „долго закрепнување“ од „најмалку два месеци“, предупредува Алфиери. „Болницата, иако може да изгледа чудно, е најлошото место за опоравување бидејќи таму добивате најмногу инфекции“, објасни тој.

Излегувањето на папата, чија состојба постојано се подобрува веќе две недели, но кој, според лекарите, „изгубил тежина“, со нетрпение се чекаше бидејќи се појавија сомневања за неговата способност да продолжи со своите активности.

„Реконвалесценцијата по дефиниција е период на опоравување, така што е јасно дека во тој период нема да може да ги почитува своите вообичаени дневни обврски“, додава Алфиери.

Досега, Франциско си наметнуваше беспоштедно темпо на работа, одржувајќи состаноци и верски прослави додека продолжуваше да патува и покрај советите да забави.

По неколку недели на вентилатор, поглаварот на повеќе од 1,4 милијарди католици ќе мора да продолжи со сесии за рехабилитација за да може повторно да го користи својот глас.

„Кога имате билатерална пневмонија, вашите бели дробови се оштетени, а мускулите за дишење исто така имаат тешкотии“, објасни Алфиери. „Ќе биде потребно време гласот повторно да стане ист“, додаде тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ