четврток, 26 декември 2024

Папата Франциско повика на мир во светот

Папата Франциско денес, во својата традиционална божиќна порака ги повика „сите луѓе од сите нации“ да најдат храброст во текот на оваа година „да го стишат тропањето на оружјето и да ги надминат поделбите“ кои го мачат светот, од Блискиот Исток до Украина, од Африка до Азија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Обраќањето на папата „До градот и светот“ служи како резиме на проблемите со светот се соочува оваа година.

„Го повикувам секој поединец и сите луѓе од сите нации да станат аџии на надежта, да го стишат тропањето на оружјето и да ги прекинат поделбите“, кажа папата.

Тој повика на смирување на конфликтите во Украина и на Блискиот Исток, издвојувајќи ги христијанските заедници во Израел и на палестинските територии, „особено во Газа каде хуманитарната ситуација е исклучително сериозна“, како и во Либан и во Сирија.

Франциско ги повтори своите барања за ослободување на заложниците кои Хамас ги зароби во Израел на 7 октомври 2023 година.

Тој ја спомна и епидемијата на мали сипаници во Конго и „маките на народот на Мјанмар“, кој беше принуден да ги напушти своите домови поради „континуираниот конфликт“.

Папата се сети и на децата кои папата од војна и глад, старците кои живеат во самотија, оние кои бегаат од татковината, кои останале без работа и се прогонети поради верата.

Се очекува во Рим за Божиќ да има околу 32 милиони верници од целиот свет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ