сабота, 27 јули 2024

Папата до Израелците и Палестинците: Браќа, сопрете се!

Папата Франциско повика на прекинување на војната меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас и овозможување да се достави повеќе хуманитарна помош во Појасот Газа.

Објавено на

часот

Сподели

„Војната е секогаш пораз, тоа е уништување на човечкото братство. Браќа, сопрете се, сопрете се!“, повика папата на неделната молитва на плоштадот Свети Петар во Ватикан.

„Го повторувам својот повик премините да бидат отворени, хуманитарната помош да продолжи да пристигнува и да се ослободат заложниците“, додаде папата.

Борците на Хамас навлегоа на 7 октомври на израелска територија од Појасот Газа спроведувајќи го најголемиот напад од создавањето ан Израел во 1948 година.

Повеќе од 1.400 луѓе се убиени во Израел, повеќето цивили, според израелските власти.

Министерството за здравство во Појасот Газа објави денес дека повеќе од 4.700 Палестинци се убиени, од кои над 2.000 деца, а речиси 16 илјади се ранети во израелските напади.

Израел ги интензивираше нападите како подготовка на најавената копнена инвазија. Додаде дека во нападите во текот на ноќта се убиени десетици палестински борци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ