петок, 18 октомври 2024

Пандев: Жал ми е што Панчев никогаш не му помогна на македонскиот фудбал

Горан Пандев во големо интервју за српски „Спортал“ меѓудругото упати критика до Дарко Панчев, смета дека тој не му помогнал на македонскиот фудбал иако можел.
 

Објавено на

часот

Сподели

Во мега интервју за „Спортал“, Пандев вели дека повеќе го сакал Савичевиќ отколку Панчев.

„Панчев во своето време беше најдобар. Како деца навивавме или за Црвена звезда или за Партизан, но мој идол од детството повеќе беше Савичевиќ, отколку Панчев. Жал ми е што Панчев никогаш не му помогна на македонскиот фудбал. Такво име можеше многу да помогне, а не го направи тоа, жал ми е што е така“, рече Пандев.

Во интервјуто Пандев зборуваше и за своите инвестиции во фудбалот кај нас.

„Повеќе од 20 години бев во странство, па после се сакав во мојот град да направам нешто за младите луѓе во Македонија. Кога во 2010 година со Интер ја освоив Лигата на шампионите, идејата ми беше да отворам фудбалска школа. Израснав во Струмица и знам какви беа условите, па сакав на новите деца да им овозможам да тренираат и да се развиваат фудбалски во убави услови. Среќен сум што таа идеја од 2010 година ја реализирав во дело, а сега во соработка со Брера од Милано ја креваме на уште повисоко ниво“.

Целото интервју во кое Пандев зборува на многу теми, можете да го прочитате на овој ЛИНК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ