сабота, 27 јули 2024
Неговиот поранешен соиграч од репрезентацијата и поранешен клуб ќе го освојат Скудетото

Пандев: Среќен сум за Елмас и Наполи

Објавено на

часот

Сподели

Наполи пропушти изминатиот викенд да го завери Скудетото, но тоа секако дека ќе се случи, прашање е само на време. Може и уште утре доколку Лацио не го победи Сасуоло, или во четврток доколку Наполитанците го совладаат Удинезе.

„Многу сум среќен за Елмас, но исто така многу сум среќен за цел Наполи од претседателот до стручниот штаб, а посебно за луѓето во Неапол. Јас минав три прекрасни години во Наполи, освоивме Куп на Италија, а ми изгледаше како да сме станале шампиони. И сега може сите да уживаат. Честитки буквално до сите од претседателот со Лучано Спалети и неговиот тим. Спалети е извонреден тренер и сѐ ова го заслужи, зашто го направи тимот да игра прекрасен фудбал. Среќен сум за Елмас и на сите во Наполи им посакувам догодина да бидат европски прваци“, рече Пандев.

„Можеби во четвртфиналето со Милан сите го гледаа Наполи како фаворит, па над фудбалерите се наметна притисок дека мора да победат по секоја цена. Но, тоа се мечеви поинакви од тие што ги гледавме, а Наполи одигра добро и заслужи повеќе на првиот меч. Жал ми е, мислев дека Наполи може да дојде до финале. Лоботка е изненадување, зашто во првата сезона имаше проблеми, а сега има сезона за паметење и не се сеќавам дека пропуштил меч. Кварацхелија веќе го знаев, играв со Македонија неколкупати против него и е многу силен фудбалер“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ