сабота, 27 јули 2024

Пандев со големи амбиции за 2012 година

Објавено на

часот

Сподели

„Одигравме одличен натпревар против Палермо. Имаме сили и капацитет да се натпреваруваме на сите три фронта. На нешто со Челси од Лигата на шампионите сè уште не размислуваме зашто прво во првенството имаме значајни дуели од кои ни требаат бодови, а в четврток нè чека и натпреварот од Купот на Италија“, вели Пандев по победата над Палермо.

И италијанските медиуми го сместија струмичанецот меѓу тројцата најдобри фудбалери на дуелот, заедно со Кавани и Хамшик, кои обезбедија три бода за „сините“.

„Знам дека од натпревар на натпревар можам дополнително да напредувам. Во секој случај, мило ми е што имав значајна улога во победата над Палермо“, вели Пандев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ