Според информацијата на „Фактор“, вчера на македонската берза, поминала блок трансакција со акции на Фудбалскиот клуб, Академија Пандев.
Биле продадени 2.250 акции на Академија Пандев, по цена од 16.480 денари по акција. Вкупниот износ бил над 37 милиони денари, што е 603.000 евра.
Тоа се 90 проценти од акциите. Името на купувачот засега е непознато, но се претпоставува дека се работи за италијанската компанија „Брера Холдинг“.
Пред неколку месеци излезе информацијата дека „Брера Холдинг“ ќе купи 70 проценти од акциите на клубот, а Пандев ќе задржи 30 проценти. Но, македонскиот фудбалер задржа само десет проценти од клубот.