сабота, 20 април 2024

Пандев повторно заигра за Интер (ФОТО)

Тимот на Интер кој ја освои тројната круна денеска одигра пријателски натпревар во Батуми против селекција од ветерани на Грузија.

Објавено на

часот

Сподели

Генерацијата која е единствена во Италија со тројна круна, а на која припаѓа и Горан Пандев, денеска повторно се собра на едно место и одигра натпревар.

Интер со 2-0 го победи тимот на грузинските ветерани. Двата гола ги даде Фиго кој не е од генерацијата на Пандев, но се приклучи за овој натпревар. Покрај Фиго имаше уште неколку поранешни играчи на Интер од други генерации.

„Знаев дека ќе треба да го заменам Снајдер за брзо време, среќен сум што видов толку многу мои поранешни играчи, чест е да се биде тука. Искрено, многу е тешко, ова беше мојот прв 11 на 11 натпревар откако се пензионирав, но годините одминуваа, а квалитетот на овие фудбалерите секогаш останува ист. Ова е фантастична група и задоволство е што сме заедно по толку многу години, ова е добро за нас. Исто така сакаме да ги поздравиме останатите момци кои не се тука со нас“, изјави Пандев по мечот.

Стартниот тим на Интер беше: Жулио Цезар, Маикон, Лусио, Матераци, Кордоба, Занети, Камбијасо, Карагунис, Снајдер, Фиго и Милито. Во игра како замени влегоа: Фреј, Галанте, Колонесе, Борха Валеро, Карја, Паласио, Пандев и Суазо.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ