сабота, 27 јули 2024

Пандев го спаси Наполи, и тоа со гол со глава! (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Пандев, кој беше стартер на мечот, постигна несекојдневен гол за него – со глава. Погоди четири минути пред крајот на мечот за Наполи да обезбеди 1-1. Струмичанецот одлично реагираше на центаршутот од лева страна, па од околу 10 метри го погоди голот. Наполи промаши пенал десетина минути пред Пандев да ја погоди мрежата на домаќинот, Уругваецот Едисон Кавани промаши пенал.

Милан со 3-0 ја победи Новара, па не дозволи Јувентус да се одлепи на табелата и останува на еден бод помалку од „старата дама“, која вчера во Бергамо со 2-0 славеше победа кај Аталанта. Во другите денешни мечеви Лече – Киево 1-2, Палермо – Џенова 5-3, Удинезе – Катанија 2-0. Вчера Рома со 5-1 славеше над Чезена Вечерва играат Интер – Лацио.

На табелата Јувентус има 41 бод, Милан 40, Удинезе 38, Лацио 33 и Интер 32 со меч помалку, Рома 30, Налоли 29…

[video:http://www.youtube.com/watch?v=P5h_fEasC9g]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ