сабота, 27 јули 2024

Панчев жали што не станал функционер на Ц. звезда (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Панчев пред две години беше член на Собранието на Ц. звезда, заедно со соиграчот од тие денови Илија Најдоски, но подоцна и двајцата се повлекоа. Со години популарната „Кобра“ во белградските медиуми беше потенциран како можен иден функционер на клубот, но никогаш не се оствари такво нешто.

„Неколку пати ме бараа од Црвена звезда за да се преселам во Белград и да работам во клубот или како технички директор или како спортски директор. Некој модус сигурно ќе се најдеше, но јас не бев подготвен. Едноставно имав други работи на памет. Не бев психички подготвен за тој чекор. Сега мислам дека згрешив, затоа што Звезда е голем клуб“, рече Панчев за телевизијата Б92.

Панчев додал дека поради пријателите решил да остане во Скопје.

„Мислам дека во Белград и Србија односот кон познатите личности е потполно поинаков од тие овде во Македонија. Да ја прифатев работата, тоа ќе беше само добро, никако лошо. Но јас сум роден тука, тука ми се пријателите и затоа решив да останам“, додал Панчев.

Македонската легенда во македонскиот фудбал работеше двапати и тоа на кратко во неговиот матичен клуб Вардар.

[video:http://www.youtube.com/watch?v=bYMVgRLo7IQ]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ