сабота, 19 октомври 2024

Панчев: Треба да ти е чест да играш за репрезентацијата, не да кажуваш кој да биде селектор!

Дарко Панчев распука по Стефан Ристовски кој се откажа од македонската репрезентација со образложение дека нема да настапува додека Благоја Милевски е селектор.
 

Објавено на

часот

Сподели

По дебаклот од Англија на Олд Трафорд, капитенот Стефан Ристовски се повелече од македонската репрезентација велејќи дека има недоразбирања со селекторот Милевски и нема да настапува додека тој ја извршува функцијата.

Дарко Панчев вели дека на фудбалерите треба да им е чест да играат за Македонија, а не да бараат смена на селекторот.

„Во периодот кога загубивме од Украина и Англија почнаа да се случуваат некои работи во соблекувалната, некои играчи почнаа да си дозволуваат да кажуваат кој да биде тренер, кој да не биде тренер, што не е добро. И јас сум бил играч, сум бил и капитен на репрезентација, но никогаш не сум си дозволил да ми падне на памет да им кажам на тие од федерација, абе знаеш кај сте го ставиле овој тренер, јас не играм додека тој е тука. Од каде им се тие идеи на играчите да го велат тоа, не разбирам. Ти си играч повикан и треба да ти е чест да играш за репрезентацијата. Таа репрезентација и тие настапи ти дозволиле да ги продолжуваш договорите во клубовите каде што играш, играњето за репрезентацијата носи тежина. Играчите треба тоа да го почитуваат, а не да се однесуваат така. Замислете сега, секој месец некој играч да кажува, не ми се допаѓа тренерот, дајте друг. Не може тоа така. Секој си има своја работа, во федерацијата има стручни луѓе кои размислуваат за тоа, а ти си тука играч и твое е да играш“, вели Дарко Панчев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ