Страшната трагедија која се случи во Кочани, ја потресе цела Македонија, но се рашири и низ целиот регион.
Дарко Панчев на свој начин се обидел да учествува во помош за погодените од оваа голема несреќа.
„Му предложив на Стојковиќ да биде водечки во комуникацијата на фудбалските федерации за да се организира пријателски натпревар, а приходот од влезниците да оди за семејствата на загинатите во трагедијата во Кочани. Истото му го предложив и на директорот на Црвена Звезда, Звездан Терзиќ. Предложив Црвена Звезда и Вардар да одиграат пријателски натпревар. Клубовите можат да одиграат натпревар во април, а репрезентациите во мај“, изјави Панчев.