сабота, 27 јули 2024

Панче Тошковски и официјално е новиот министер за внатрешни работи

Во Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска досегашниот министер Оливер Спасовски ја предаде должноста министер за внатрешни работи на новоименуваниот прв човек на овој ресор Панче Тошковски.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти МВР, на чинот на примопредавањето министерот Тошковски му се заблагодарил на Спасовски за неговиот досегашен анганжман во Министерството.

Затворајќи го ова поглавје, сметам дека оставам наследство кое ќе служи како солидна основа за идните успеси, објави на неговиот фејсбук профил поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски. Во 2015 година, додава тој, го затекнал Министерството како високопартизирано и криминализирано, коешто злоупотребувало човекови права, прислушувало над 22.000 граѓани, министерство кое што криело убиства, како она на Мартин Нешковски од страна на обезбедувањето на Груевски.

„Мојот мандат во МВР беше период на интензивни промени, силни реформи и неуморна посветеност кон безбедноста на граѓаните. МВР го засили својот капацитет за борба против криминалот, корупцијата и незаконитоста. Воведовме нови стандарди и опрема во полициското работење, што значително ја подобри ефикасноста и транспарентноста на оваа институција. Овие напори резултираа со повисок степен на безбедност и доверба од страна на јавноста, наведува Спасовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ