сабота, 19 октомври 2024
Голд куп

Панама го изненади САД и ќе игра во финале против Мексико (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Во 90 минути игра на мечот меѓу САД и Панама немаше голови, па се играа продолженија. Во деветтата минута од првото продолжение Андерсон донесе водство за Панама, но Американците четири минути подоцна изедначија со погодок на Фереира. 1-1 беше резултатот по 120 минути игра, па пеналите решаваа.

Панама ја доби пенал серијата со 5-4 и обезбеди финале на Голд купот.

За големиот пехар ќе се бори со Мексико кој со 3-0 ја совлада Јамајка со голови на Мартин, Чавез и Алварадо.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ