сабота, 27 јули 2024

Паметни телефони на преклоп: Од имагинација до реалност

Објавено на

часот

Сподели

Популарноста на овие телефони постојано се зголемува, предизвикувајќи ги своите корисници со нетрпение да го очекуваат секој нов и подобрен модел. Ентузијазмот на потрошувачите најдобро го покажа успехот на серијата Galaxy Z преку која Samsung покажува како користењето на паметни телефони на преклоп  може да биде возбудливо, разновидно и поразлично од досегашното. Ова ново искуство и футуристичкиот концепт го привлекоа вниманието на јавноста со својот паметен дизајн, неограничени можности и иновативни опции за користење.

Серија Galaxy Z – иднината на преклоп

По една деценија напредок и четри генерации на иновации, издржливоста и корисничкото искуство постојано се подобруваат. Не само што се поставени нови стандарди во индустријата, туку повторно се разгоре интересот на потрошувачите за паметните телефони воопшто. Приказната со серијата Z започна во 2019-тата, кога Samsung донесе голема пресвртница на глобалниот пазар на преклопливи екрани со првата верзија на телефонот Galaxy Z Fold.

Набргу потоа пристигна Galaxy Z Flip  чиј елегантен дизајн на преклопување означи враќање назад кон саканите телефони на преклоп од минатото и го направи овој модел инстант икона. Инженерите на Samsung сфатија дека за да се создаде нова категорија, од суштинско значење се иновациите во низа технологии кои ќе осигураат дека овие уреди ги исполнуваат очекувањата на глобалните потрошувачи. Така беше дизајниран првиот преклопен стаклен екран, чија уникатна структура гарантираше дека може да издржи стотици илјади пати телефоните да бидат отворени и затворени. Посебен механизам спречува честичките од прашина и нечистотија да се залепат на екранот, а специјалната шарка им овозможи на овие уреди да стојат независно под саканиот агол, што ги прави совршени за гледање содржини, видео повици или селфи без раце.

Flip and Fold – нова ера во дизајнот на телефоните на преклоп

Претставувањето на првите модели на преклопување означи нова ера во дизајнот на паметни телефони. Иновативниот пристап на Samsung ги предизвика конвенционалните форми и им покажа на корисниците што е можно. Овие уреди беспрекорно се трансформираа од компактни телефони во поголеми и попривлечни дисплеи, нудејќи им на корисниците уникатно и возбудливо искуство. Со редефинирање на концептот на мобилни уреди, тие понудија беспрекорен, континуиран дисплеј што може да се преклопи и прилагоди за да одговара на вашите потреби. Оваа флексибилност не само што го подобрува корисничкото искуство, туку и отвора нови можности за мултитаскинг, за работа, забава, игри со комплетно уживање во содржините. Но, најизвонредната карактеристика на преклопните телефони е тоа што тие се привлечни и уникатни. Се преклопуваат во компактен формат кој зазема малку простор и станува елегантен додаток на вашиот имиџ. Посветеноста на Samsung за иновации е очигледна во доменот на телефоните што се преклопуваат, бидејќи тие продолжуваат да ги поместуваат границите на она што е можно со секоја интеракција.

Станете дел од екипата на Flip

Погледнете го новото видео од Сезона 2 подолу. Станете дел од екипата на Flip и гледајте како Samsung ги поместува границите на иновациите со највнимателно изработените мобилни искуства на Galaxy Unpacked 2023, во живо на 26 јули во 13 часот, онлајн од Samsung.

 

                                                                                                                                                    Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ