сабота, 27 јули 2024

Палевски останува во притвор во Шутка, негира дека ги убил Вања и Панче

Судија на претходна пстапка во Основниот кривичен суд во Скопје, на Љупчо Палевски осомничен за убиството на 14. годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

„Осомничениот за двојното убиство во Скопје и Велес од ноември минатата година, Љ.П. кој на 15 мај 2024 година беше екстрадиран од Турција, по наредба на судија на претходна постапка денска беше спроведен во Основниот кривичен суд Скопје за да се произнесе во однос на мерката притвор определна во негово отсуство, а по предлог на Основното јавно обвинителство – Скопје. По произнесување на осомничениот во присуство на неговиот бранител, поставен по службена должност, судија на претходна постапка донесе решение со кое на осомничениот му се определува мерка притвор во траење од 30 дена која започнува со нејзино реализирање од денот на неговиот прием во Истражниот затвор Скопје, затоа осомничениот може да се даде во бегство, може да ја попречи кривичната постапка со влијание врз сведоците, како и го доврши или повтори кривичното дело“, пишува во соопштението од Кривичниот суд.

Против ова решение странките Палевски има право на жалба пред Кривичниот совет на Кривичниот суд.

Додека го спроведуваа Палевски, прашан од медиумите дали ги сторил убиствата и дали ќе се брани со молчење, тој кратко одговори дека има докази дека не ги сторил убиствата.

Тој е првпат изведен пред судија на претходна постапка по екстрадицијата од Турција, каде побегна и потоа беше фатен од тамошната полиција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ