понеделник, 13 мај 2024
Осомничен за убиство на дете

Палевски е во привремен затвор во Баликесир

Министерството за правда соопшти дека се информирано од турските власти дека Љупчо Палевски Палчо доби привремен затвор во траење од 40 дена во затворот во Баликесир, град во кој беше и приведен по бегството од Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

„Во дописот од Републичкото јавно обвинителство Беликесир- Турција информираат дека на лицето Љупчо Палевски, кој со потерница беше уапсен за кривично дело –  намерно убиство на дете, согласно Законот 6706 член 14 , со цел да се обезбеди екстрадиција на лицето во наведената земја ( РСМ), согласно член 16 од Европската конвенција за екстрадиција на криминалци , му е одреден привремен затвор во траење од 40 дена“, велат од македонското Министерство за правда.

Палевски е првоосомничен за убиството на девојчето Вања Ѓорчевска од Скопје и на велешанецот Панче Жежовски, чии тела беа пронајденни во околината кај скопска Бразда, односно во околината на Велес.

Пред да бидат пронајдени телата, Палевски беше избеган во Белград, а оттаму негов сопартиец од партијата Десна, го превезол до Баликесир. Таму беше приведен од турската полиција која ги извести македонските власти и со допис и со фотографија испратена до МВР заради потврда.

Во притвор се уште четворица осомничени, таткото на девојчето Вања, Александар Ѓорчевски, како и Влатко Кешишов, Велибор Маневски и Боре Видевски.

Според тоа што го имаше изјавено главниот обвинител на скопското Јавно обвинителство, Гаврил Бубевски, материјалните докази соодветствуваат со изсказите на осомничените за случувањата поврзани со грабнувањата и убиствата на Ѓорчевска и Жежовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ