сабота, 27 јули 2024

Палестинските власти: Погодена е православна црква во Појасот Газа, има мртви и ранети

Во експлозија доцна синоќа во православна црква во Појасот Газа, каде што се засолниле раселени Палестинци, има мртви и ранети, соопштија палестинските власти, наведувајќи дека црквата Свети Порфириј билa погоденa во израелски напад.

Објавено на

часот

Сподели

Директорот на болницата Шифа, Мухамед Абу Селми утринава објави дека има мртви и ранети, но не можеше да го каже точниот број на жртви бидејќи многу тела сѐ уште се под урнатините.

Според непотврдени извештаи, најмалку две лица загинале.

Израелската војска соопшти дека цел биле команден и контролен центар на Хамас во близина, предизвикувајќи штета на ѕидот на црквата.

Ерусалимската патријаршија го осуди нападот и рече дека ќе ја исполни „својата верска и хуманитарна должност“ да обезбеди помош.

Еден од преживеаните изјави за катарската телевизија Ал Џезира на арапски јазик дека немало предупредување од израелската армија пред нападот.

Црквата се наоѓа во населбата Ал-Зајтун во Стариот град и го добила името по свети Порфириј, кој бил епископ на Газа од 395 до 420 година.

Таа била претворена во џамија во седмиот век, а нова црква била изградена во 12 век за време на крстоносците, наведува Асошиејтед прес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ