сабота, 27 јули 2024

Палестинските безбедносни сили убиле милитант: „Тоа е атентат во израелски стил“

Палестинските безбедносни сили денеска на Западниот Брег убиле припадник на локална вооружена група поврзана со милитантниот Исламски џихад, откако биле под нивен оган, пренесува Ројтерс, додавајќи дека станува збор за редок судир меѓу Палестинците.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Талак Двејкат, портпарол на безбедносните служби на Палестинската управа (ПА), изјави дека органите на редот биле испратени во ноќна патрола во Тулкарм и биле нападнати, возвратиле и го застрелале напаѓачот, кој од здобиените рани починал во болница.

На социјалните мрежи кружи видео кое покажува дека автомобилот на напаѓачот бил фатен во град од куршуми. Ројтерс соопшти дека не може веднаш да ја потврди снимката.

Локалната вооружена група бригади Тулкарм и Нур Шамс објави дека загинатиот човек Ахмед Абу ал-Фул е нивен член.

Групата ја потврди својата поврзаност со милитантите на Исламскиот џихад. Бригадите Тулкарм и Нур Шамс го опишаа нападот на палестинските безбедносни сили врз нивниот припадник како „атентат“ во израелски стил. Според вооружената група, Ал-Фул бил нападнат „без причина“.

Палестинската управа, предводена од претседателот Махмуд Абас, има ограничена самоуправа на Западниот Брег и понекогаш ја координира безбедноста со Израел.

Хамас, сојузник на Исламскиот џихад, ги осуди „нападите на силите на палестинската управа против нашиот народ и борците на отпорот“. Безбедносните сили на ПА неколкупати се судрија со членови на локални вооружени групи во изминатата година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ