сабота, 27 јули 2024

Палестински медиуми: Во израелски воздушен напад во Газа загинаа 12 лица

Најмалку 12 лица загинаа во близина на болницата Ал Шифа во Газа за време на израелски воздушен напад, пренесуваат палестинските медиуми.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Според извештаите на медиумите, за време на воздушниот напад била погодена станбена зграда при што загинале најмалку 12 лица, непознат број се повредени, пишува Тајмс оф Израел.

Во тек се обидите за спасување на луѓето кои се затрупани под урнатините, се додава во извештајот.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) сè уште не се огласиле за овој напад.

ИДФ објави дека еден израелски војник загинал во борбите во јужниот дел на Појасот Газа.

Според весникот Тајмс оф Израел, 20-годишниот војник во средата ѝм подлегнал на повредите здобиени во борбите. Во копнената офанзива против палестинскиот Хамас загинаа 194 израелски војници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ