четврток, 24 октомври 2024

Палестински бизнисмен е убиен, а двајца се ранети во престрелка на улица во Истанбул

Турската полиција денеска покрена „голема истрага“ откако двајца Палестинци беа убиени, а уште двајца ранети додека седеле во своите автомобили во Истанбул.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Новинската агенција Демирорен објави дека мажот што седел на возачкото седиште е убиен, а неговиот пријател бил тешко ранет во пукотницата во неделата вечерта.

Друг човек, кој од канцеларијата на гувернерот е опишан како телохранител на убиениот, бил ранет во стапалото.

Убиството го извршил маскиран напаѓач или напаѓачи, наведува агенцијата. Жртвите седеле на улицата Дилавер во областа Кагитане во северниот дел на Истанбул кога се случил нападот. Тешко ранетиот наводно е бизнисмен.

Убиецот на местото оставил пиштол со придушувач, се вели во краткото соопштение од кабинетот на гувернерот на Истанбул.

Фотографиите од местото на настанот покажуваат полуавтоматски пиштол со придушувач закачен на цевката. Оружјето било оставено на тротоарот, а се чини дека задната совозачка врата од белиот автомобил е прострелана со неколку куршуми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ