сабота, 27 јули 2024

Палестинска власт: Во Газа загинаа повеќе од 7.000 луѓе, речиси половина од нив се деца

Министерството за здравство во Појасот Газа, каде управува исламистичкиот Хамас, соопшти дека од почетокот на израелското бомбардирање на палестинската енклава на 7 октомври загинале 7.028 лица, меѓу кои 2.913 деца.

Објавено на

часот

Сподели

Според податоците на Министерството, убиени се 1.709 жени, а ранети се 18.484 лица, пренесе агенцијата Франс прес.

Оваа петта израелска војна против Хамас е најсмртоносната по повлекувањето на Израел од Газа во 2005 година, две години пред Хамас да ја преземе власта насилно, поразувајќи ги силите лојални на поумерениот Фатах.

Во Израел од 7 октомври загинаа повеќе од 1.400 луѓе, главно цивили. Повеќето од нив загинаа на првиот ден од нападот, кога стотици екстремисти на Хамас ја пробија граничната ограда и навлегоа во јужниот дел на израелската територија со поддршка на баражен ракетен оган. На израелска страна беа ранети повеќе од 5.400 луѓе.

Хамас тој ден зароби повеќе од 220 луѓе и ги одведе во Појасот Газа. Досега ослободи четири жени, меѓу кои и две Американки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ