четврток, 12 декември 2024

Палестинска власт: Американската воена помош за Израел претставува агресија врз Палестинците

Претседателството на Палестинската управа денеска го оцени како „агресија врз палестинскиот народ“ фактот што Долниот дом на американскиот Конгрес одобри воена помош вредна неколку милијарди долари за Израел.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тие пари ризикуваат да доведат до илјадници палестински жртви во Појасот Газа и на Западниот Брег, изјави синоќа Набил Абу Рудеина, портпарол на претседателот на палестинската управа Махмуд Абас. Тој изјави дека станува збор за „опасна ескалација“.

Двопартиското мнозинство на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес синоќа усвои нацрт-закон со кој на Украина, Израел и Тајван им се доделуваат дополнителни финансиски средства во вкупен износ од 95 милијарди долари.

Од таа сума, 26,38 милијарди долари се наменети за Израел, од кои 9,1 милијарди ќе бидат наменети за обезбедување хуманитарна помош за населението загрозено од конфликтот во Газа.

Израел повеќе од шест месеци води војна против палестинското движење Хамас во Газа, по упадот на милитанти на Хамас на израелска територија на 7 октомври минатата година.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас најави дека „ќе ги преоцени односите“ со Вашингтон откако Соединетите Држави ставија вето на палестинското членство во Обединетите нации во четвртокот.

„Палестинското раководство ќе ги разгледа билатералните односи со САД за да гарантира зачувување на интересите на нашиот народ, нашите цели и права“, рече претседателот Абас во интервју за палестинската новинска агенција Вафа, а пренесува агенцијата Франс прес.

САД ставија вето на гласањето во Советот за безбедност на предлогот Палестинците да станат полноправна членка на Обединетите нации. Од 2012 година, Палестинците имаат статус на „држава набљудувач што не е членка“ во ОН.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ