сабота, 27 јули 2024

Палестинец почина во израелски затвор по штрајк со глад

Објавено на

часот

Сподели

Израелските затворски власти соопштија дека тој бил однесен во болница по неуспешните напори за реанимација по што бил прогласен за мртов. Адвокатот на Аднан ги обвини израелските власти за медицинска негрижа. „Триесет и шест дена по неговото апсење, побаравме да биде префрлен во цивилна болница каде што ќе може соодветно да се следи“.

„За жал, тоа барање беше дочекано со непопустливост и отфрлање од страна на израелските затворски власти“, изјави адвокатот Џамил ал-Хатиб за Ројтерс. Набргу по објавувањето на смртта на Аднан, се огласија сирените на границата на Израел со Газа, а жителите бегаа во засолништа.

Израелската војска соопшти дека три ракети биле истрелани од Појасот Газа кон израелска територија, но дека тие паднале на отворени области. „Нашата борба продолжува и непријателот уште еднаш ќе сфати дека неговите злосторства нема да останат без одговор. Отпорот ќе продолжи со сета своја сила и одлучност“, се вели во соопштението на палестинскиот Исламски џихад.

Аднан (45), по потекло од окупираниот град Џенин, беше позната личност на Исламскиот џихад на Западниот Брег, кој Израел го окупираше во војната во 1967 година. Како и исламистичкиот Хамас, Исламскиот џихад се противи на мировните договори меѓу Палестинците и Израел и се залага за уништување на Израел.

Според Здружението на палестински затвореници, Аднан бил приведен 12 пати од израелските власти. Тој поминал околу осум години во затвор, главно во административен притвор. Израел го обвини Аднан за поддршка на тероризмот, здружување со терористичка група и поттикнување бунт. Тој од 2004 година штрајкуваше со глад најмалку пет пати.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ