петок, 25 октомври 2024

Палестинец убиен во напад на еврејски доселеници врз село на Западниот Брег

Десетици еврејски доселеници нападнаа палестинско село во близина на градот Калкилија на окупираниот Западен Брег, при што убиле најмалку едно лице и запалиле неколку возила.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Палестинското Министерство за здравство денеска потврди дека еден Палестинец е убиен синоќа, а друг добил повреди опасни по живот од пожарот на еврејските доселеници при нападот на селото Џит.

Тоа беше најновото насилство во серијата напади на еврејските доселеници на Западниот Брег.

Видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат запалени автомобили и куќи по нападот.

Израелската војска соопшти дека полицијата и воените единици интервенирале и уапсиле еден Израелец и го осуди нападот, кој, како што рече, ги оддалечил безбедносните сили од другите одговорности.

Исто така, соопшти дека ги истражува извештаите за смртта на Палестинецот.

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави соопштение дека на нападот гледа со најголема сериозност. Израелскиот претседател Исак Херцог го осуди нападот како „погром“, пренесоа агенциите.

„Силно го осудувам погромот во Самарија“, напиша Херцог на платформата Икс, користејќи го библиското име на Западниот Брег.

„Тоа екстремно малцинство му нанесува штета на населението на доселениците што го почитува законот и населувањето во целина и името и позицијата на Израел во светот во еден особено чувствителен и тежок период“, додаде израелскиот претседател.

Палестинците редовно ги обвинуваат израелските безбедносни сили за неактивност и дека дозволуваат групи насилни доселеници да ги напаѓаат нивните домови и села.

Тие напади предизвикаа загриженост во меѓународната заедница.

Насилството на Западниот Брег се интензивираше од почетокот на војната на палестинската територија на 7 октомври минатата година, а населувањето на Евреите таму, кое според меѓународното право се смета за нелегално, исто така достигна нов рекорд.

Белата куќа доцна синоќа ги осуди нападите на доселениците врз палестинските цивили, нарекувајќи ги „неприфатливи“ и велејќи дека „мора да престанат“.

Нетанјаху владее со поддршка на ултрадесничарските партии, кои се залагаат за поголемо населување на Западниот Брег, па дури и анексија.

САД и многу европски земји воведоа санкции против насилните доселеници и постојано го повикуваа Израел да стори повеќе за да ги запре нападите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ