сабота, 26 октомври 2024

Палестинците на највисокиот суд на ОН бараат моментален прекин на израелската окупација

Палестинскиот министер за надворешни работи Ријад ал Малики побара моментален прекин на израелската окупација на палестинските територии на почетокот на сослушувањето за правниот статус на спорната земја на највисокиот суд на Обединетите нации.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Повеќе од 50 држави ќе изнесат аргументи пред Меѓународниот суд на правдата (ИЦЈ) во Хаг до 26 февруари, по барањето на Генералното собрание на ОН за 2022 година за советодавно или необврзувачко мислење за окупацијата.

Израелските лидери долго оспоруваат дека териториите се официјални окупирани врз основа на тоа дека ги зазеле Јордан и Египет за време на војната во 1967 година, а не суверена Палестина.

Ал Малики го обвини Израел дека над Палестинците со децении спроведува дискриминација и апартхејд, обвинувања кои Израел ги отфрла, тврдејќи дека им е оставен избор меѓу „раселување, покорување или смрт“.

„Единственото решение кое е во согласност со меѓународното право е оваа незаконска окупација веднаш, безусловно и целосно да прекине“, кажа тој.

Се очекува на судиите да им бидат потребни неколку месеци за разгледување пред да го дадат своето мислење.

Израел секогаш ги игнорира ваквите мислења, но ова би можело да го засили политичкиот притисок поради неговата војна во Газа, во која израелската војска уби повеќе од 29.000 Палестинци, според здравствените функционери во Газа.

Израел ги освои Западниот брег, Газа и источен Ерусалим – области на историска Палестина кои Палестинците ги сакаат за својата држава – во конфликтот во 1967 година. Се повлече од Газа во 2005 година, но со соседен Египет сè уште ги блокира нејзините граници.

Судењето е дел од палестинските настојувања меѓународните правни институции да го истражат однесувањето на Израел.

Ал Малики ги повтори обвинувањата за израелскиот геноцид во Газа кој Израел категорично ги отфрли на одвоените сослушувања во Хаг минатиот месец.

„Геноцидот кој е во тек во Газа е резултат на децениите неказнивост и недејствување. Прекинот на неказнивоста на Израел е морален, политички и правен императив“, кажа Ал Малики.

Израел тврди дека е соочен со егзистенцијална закана од милитантите од Хамас и другите групи и дека дејствува во самоодбрана.

Во јули 2004 Меѓународниот суд на правдата, познат како Светски суд, утврди дека израелскиот ѕид на Западниот брег е кршење на меѓународното право и дека треба да се отстрани, иако сè уште стои.

Од судиите се бара да ги преиспитаат израелската „окупација, населување и анексија, вклучувајќи ги мерките насочени на промена на демографскиот состав, карактерот и статусот на светиот град Ерусалим“.

Меѓу земјите кои треба да учествуваат во сослушувањата се Соединетите Американски Држави, најголемиот сојузник на Израел, Кина, Русија, Јужна Африка и Египет. Израел не учествува, иако испрати писмени забелешки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ