сабота, 27 јули 2024

Палестинците ја одбележуваат 76-годишнината од Накба, принудното раселување на 750.000 луѓе

Денес, илјадници Палестинци ширум светот ја одбележуваат 76-годишнината од Накба, кога речиси 750.000 Палестинци биле присилно раселени од својата територија за време на процесот на формирање на државата Израел во 1948 година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Палестинската агенција ВАФА објави дека меѓу 1947 и 1949 година, еврејските паравоени сили окупирале 78 отсто од историската Палестина, уништиле околу 530 градови и села и извршиле речиси 70 масакри во кои биле убиени 15.000 Палестинци.

„Накба“ е арапски збор за катастрофа, а оваа годишнина доаѓа среде израелската војна во Појасот Газа, каде во израелските напади се убиени повеќе од 35.000 луѓе, a се повредени 79.000 луѓе, според податоците на властите во енклавата.

Фатима Хусеин, Палестинка која ја преживала Накба, претходно за агенцијата изјави дека сегашната криза со раселување во Газа е полоша од претходните конфликти.

„Тогаш, во 1948 година, го носев мојот внук, а денес мене ме носат син ми и внуците. Тогаш избегав пеш, а сега избегав со автобус со многу малку облека“, изјави Хусеин за палестинската агенција.

На Денот на Накба, палестинскиот премиер Мохамед Мустафа рече дека нападите на Израел врз Газа нема да ги истуркаат Палестинците од нивната земја.

Палестинците остануваат посветени на својата татковина и покрај постојаните обиди на Израел да ги раселат, истакна тој во своето излагање.

Засилените напади на Израел на окупираниот Западен Брег, вклучително и Ерусалим, нема да ги натераат Палестинците да „клекнат, да се предадат или да заминат“, додаде тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ