На почетокот на 79-тото заседание на најголемото тело на ОН, палестинските дипломати седеа со името „Држава Палестина“ меѓу Шри Ланка и Судан.
🎥Watch intervention by Ambassador of Egypt and President of General Assembly confirming the new seating of the State of Palestine-among the nations 🇵🇸 🇺🇳 pic.twitter.com/l5TMwb90vQ
— State of Palestine (@Palestine_UN) September 10, 2024
Генералното собрание тоа го поздрави со аплауз, а египетскиот претседател оцени дека станува збор за историски момент. Палестинците до сега седеа во Генералното собрание како набљудувачи и беа сместени зад дипломатите на државите членки.
Резолуција на Генералното собрание на ОН усвоена во мај ѝ даде на Палестина поголеми права за учество и привилегии во Генералното собрание, каде се одржуваат расправи и ниедна држава членка нема право на вето.
Конечниот збор околу примањето на Палестина во полноправно членство во ОН го има Советот за безбедност на ОН.