сабота, 27 јули 2024

Палестина: Израел доби дозвола за убивање

„Пораките за правото на Израел да се брани ќе бидат толкувани како дозвола за убивање“, кажа палестинскиот претставник во Обединетите нации Ријад Мансур кој го обвини Израел дека ги користи нападите на Хамас како изговор за нанесување ужасен терор врз цивилното население.

Објавено на

часот

Сподели

„На Израел мора да му се каже да ја смени насоката, и дека постои пат до мирот на кој не гинат ни Палестинци ни Израелци“, кажа Мансур.

„Не можете да кажете дека ништо не го оправдува убивањето Израелци, а потоа да дадете оправдувања за убивањето Палестинци. Ние не сме полулуѓе“, кажа Мансур и повика на прекин на насилствата и крвопролевањето и на меѓународна заштита на палестинскиот народ.

„Доаѓавме во Советот за безбедност од месец во месец предупредувајќи на последиците на израелската неказнивост и меѓународната неактивност. За жал, историјата за некои медиуми и политичари почнува дури откако се убиени Израелци“, истакна Мансур.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ