сабота, 27 јули 2024
Спроведен е на распит во ОЈО Скопје

Палчо за прв пат пред обвинител ќе прозбори за убиството на Вања и Панче

Првоосомничениот Љупчо Палевски-Палчо за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, е спроведен во скопското Обвинителството на распит, пренесува „Скопје1“. Обвинителката Жаклина Крстевска-Јосифовска за првпат ќе го сослуша, откако тој беше екстрадиран од Турција каде беше во бегство. За него трае истрага, а за останатите четворица осомничени поднесено е обвинение.

Објавено на

часот

Сподели

Палевски веќе кажа дека нема да се брани со молчење, а кога беше однесен во суд посочи и дека има доказ дека не е виновен за убиствата. Обвинение има за Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски, за две кривични дела убиства и грабнување. За помагање се гони и Александар Ѓорески, татко на убиената Вања.

Обвинителниот акт се темели на вербални и материјални докази во однос на дејствијата на обвинетите, но со оглед на тоа што постапката против првоосомничениот кој неодамна беше екстрадиран од Република Турција продолжува, јавното обвинителство не е во можност да споделува детали во однос на доказниот материјал.

14-годишната Вања беше пријавена за исчезната на 27 ноември, а велешанецот Панче на 24 ноември. Нивните тела беа пронајдени на 3 декември.

Во врска со двата случаи, осомничени се пет лица, од кои тројца (Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски) признаа вина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ