сабота, 27 јули 2024

Пакистан и Иран ги обновуваат дипломатските односи

Пакистан и Иран решија да ги поправат билатералните односи, со тоа што заемно прифатија враќање на амбасадорите, јавува Економик тајмс. Поправањето на односите доаѓа како големо олеснување по тензиите од минатата недела. Пакистанскиот министер за надворешни работи Џалил Абас Џилани го повикал иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Абдолахијан до 29 јануари да го посети Пакистан.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Односите на Исламабад и Техеран се заострија минатата недела откако Иран нападна две воени бази на сунитската милитантна група Џаиш ал Адл во Пакистан. Пакистан на тоа одговори со спроведување „прецизни воени напади“ против наводни терористички засолништа во Иран. Во нападите беа убиени девет лица.

Пакистанскиот министер за информации Муртаза Соланги кажа дека Џилани „заслужува пофалби за визионерскиот ангажман и најбрзата успешна деескалација во историјата на дипломатијата“.

Истовремено, кинескиот министер за надворешни работи Сун Веидонг ќе отпатува во Пакистан како медијатор. Кина порача дека сака да помогне да се надминат разликите меѓу Иран и Пакистан. Кина минатата недела беше доведена во непријатна ситуација, бидејќи Пакистан ѝ е долгогодишен сојузник, а неодамна се приближи до Иран за да го прошири своето влијание на западна Азија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ