петок, 10 јануари 2025

Пакетот Македонија-Албанија на патот кон ЕУ се заборава

Објавено на

часот

Сподели

За жал, постои можност Албанија и Македонија да бидат одвоени во преговарачкиот процес за влез во ЕУ, бидејќи Македонија има одредени услови кои доколку не ги исполни, нема да може да продолжи, изјави хрватскиот претседател Зоран Милановиќ за време на неговата фицијална посета на Бугарија.

И македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи неодамна изјави дека се појавува нова патека за Западен Балкан. За Османи оваа нова патека е поврзана пред сѐ со геополитичкиот момент и со Украина. Османи потенцира дека сега е во наши раце дали ќе бидеме дел од таа патека или ќе се изолираме. Албанија, додава тој, ќе се приклучи на Србија и на Црна Гора, ние ќе останеме со БиХ и со Косово.

с

Албанскиот премиер Еди Рама смета дека неговата земја и Македонија не треба да бидат разгледувани во пакет на нивниот пат кон Европската Унија. „Денес сметам дека нашите патишта природно се разделија. Затоа што од моментот кога една земја ќе ги започне пристапните преговори, нејзиниот пат зависи од нејзините заслуги, а не од политиката или од геополитиката. Барем така е на хартија. Е, знаеме дека понекогаш, а и сè повеќе, она што е напишано на хартија не се случува во реалноста. Но, не гледам причина да бидеме држани заедно повеќе. Секој си има свој пат“, категоричен е Рама

Шефот на дипломатијата Османи по неговиот неодамнешен престој во Брисел и средбата со еврокомесарот за добрососедство и проширување Оливер Вархеји вели дека сите во Брисел веќе ја гледаат новата патека за Западен Балкан.

„Ова го кажувам отворено. Очигледно за Украина ќе има еден нов момент во однос европската перспектива дури оваа година. Не може да се премине Западен Балкан за да се овозможи таа патека, што значи дека ќе мора да има патека и овде и таму. Сега е во наши раце дали ќе бидеме дел од таа патека или ќе се изолираме. Со тоа Албанија ќе се приклучи на Србија и на Црна Гора, ние ќе останеме со БиХ и со Косово“, рече Османи.

Хрватскиот претседател во Софија изјави дека Албанија најверојатно сама ќе може да го продолжи преговарачкиот процес.

„Сега ќе дојдеме до таму што најверојатно Македонија, доколку не ги направи овие уставни измени на кои се обврза, ќе треба да почека време кога ќе го стори тоа. Тоа е услов што постои, а кој ЕУ го прифати. Македонија го потпиша овој услов и мора да го исполни“, изјави Милановиќ. Хрватскиот претседател коментира дека сите овие земји веќе треба да бидат дел од ЕУ, вклучувајќи ги Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ