петок, 21 март 2025

Пак земјотрес во Струмица

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Mакедонија денескa во 15,34 часот регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Струмица, на 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.4.

Објавено на

часот

Сподели

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Струмица и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

И вчера во Струмичко беше регистриран земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала и интензитет од III до IV степени според Европската макросеизмичка скала.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ