Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во градот Скопје и северозападните делови на Републиката со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, се вели во информацијата на Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Синоќа во 23,12 часот земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала беше регистриран на 24 километри северозападно од Скопје.