Според страницата Ворлд еар квалити индекс (World air quality index) која го мери индексот на квалитетот на воздухот во реално време, утрово нашата земја по загаденост на воздухот е меѓу првите 30 најзагадени во светот.
Загадено е во Скопје, но и во Кичево, Битола и Гостивар, па и Гевгелија. главниот град се наоѓа во портокаловата зона со категоризирање на воздухот како штетен за лицата со чувствително здравје и хронични заболувања.
Воздухот во нашата земја долго време е загаден за ранливи категории, загаден за сите, па според овие податоци многу често минуваме во фаза на отровен воздух кој е опасен по здравјето на сите. Мерки конкретни, ниту решение за овој проблем нема.