понеделник, 21 октомври 2024

Пак поставени шатори кај автокампот Љубаништа, камперите направиле и септички јами

Објавено на

часот

Сподели

Ниту забраната ниту мандатните казни ниту соодветните пријави како да не ги заплашуваат дивите кампери да поставуваат шатори на недозволени места.

Пред само неколку дена надлежните служби спроведоа акција за дислоцирање на дивите кампери од плажата кај локалитетот наречен „Рајце“ и оневозможување на повторно поставување опрема за кампување на тоа место. Тогаш на лице место беа затекнати дваесетина диви кампери, како и неколку несоодветно направени септички јами. 

Сега повторно во неспоредна близина се поставени шатори.

Локалитетот наречен „Рајца“ што се граничи со атарот на Националниот парк е предвиден како слободен простор, без соодветни услови за кампување односно нема тоалети и контејнери за отпад, така што покрај узурпирањето на просторот, се загадува животната средина и воедно една од најубавите плажи на источното крајбрежје на Охридското Езеро.

Години наназад тој простор непосредно до Автокампот Љубаништа кон Свети Наум се злоупотребува за кампување, без да се води сметка за одржување на хигиената на просторот. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ