петок, 18 октомври 2024

Пак одложени завршните зборови на судењето за пожарот со 14 жртви, не дојде адвокат

Објавено на

часот

Сподели

Претходно на 25 април завршните зборови беа одложени за денеска поради отсуство на еден од обвинетите, поранешниот директор на болницата Флорим Бесими. Доказната постапка во судскиот процес заврши со последните сведоци кои беа сослушани на 6 април.

И денеска повторно група граѓани се собраа пред судот во Тетово на мирен собир за да искажат поддршка за обвинетиот д-р Бобан Вучевски.

„На правдина го теретат докторот. Треба да одговара тој што ја градел болница, а не доктор кој ги лечел луѓето, што спасувал животи. Бил добар доктор. Наместо во болница го малтретираат тука“, истакнаа граѓаните.

Поранешните директори, Флорин Бесими и Артан Етеми се теретат за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, додека докторот Бобан Вучевски за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Клиничката болница како правно лице се терети за две кривични дела, прво за „предизвикување општа опасност“ и за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. 

Обвинетите на почетокот на судењето истакнаа дека го разбираат обвинението но дека не чувствуваат вина. Судењето започна во декември 2022 година. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ