сабота, 27 јули 2024

Пак ни судат кобните Исланѓани, истите судии од Германија!

Објавено на

часот

Сподели

Европската ракометна федерација (ЕХФ) повторно ги делегираше Исланѓаните Леифсон и Палсон да ѝ судат на Македонија на дуелот со Полска денеска. Сѐ ќе беше во ред ако тие добро ја завршеа работата на првиот дуел на кој ни „свиреа“, но тие против Германија нѐ оштетија неколкупати, по што предизвикаа многу негативни реакции во нашиот табор, а најостар беше капитенот Кире Лазаров. Можеби денеска Исланѓаните ќе ни „вратат“…

Во конкуренција за делители на правдата на мечот Македонија – Полска беа и словенечкиот пар Крстиќ-Љубиќ, како и шпанските судии Ралуј-Сабросо, но „среќата“ сакаше Исланѓаните пак да ја добијат Македонија.

Пред дуелот со Германија, македонската јавност беше згрозена откако се дозна дека ЕХФ во последен момент решила други судии да ја делат правдата, зашто според информациите, првично делегираниот пар биле делителите на правдата од Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ